(ВИДЕО) Кузеска: Тошковски да си оди веднаш, тој е заштитник на мафијата

Од:

Вчерашниот инцидент во кој беше нападната градоначалничката на Скопје го потврди она што како партија го говоревме со месеци. Ова е длабоко криминализирана и авторитарна власт, која не бира средства за да го заштити криминалот и заплаши оние кои сакаат да го откријат. Со доаѓањето на ВМРО-МВРО на власт, во Македонија преку ноќ се појавија организирани криминални групи кои се чувствуваат недопирливи, затоа што се заштитени од власта. Инцидентот вчера и срамното непостапување на МВР и Тошковски, беше порака до секој што ќе се осмели да зборува за криминал, да покаже злоупотреби, да посочи корупција. Порака дека ќе биде нападнат, натепан и замолчен“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска.

Според неа, криминалците се длабоко инфилтрирани во институциите, тие го водат системот. Тоа го гледаме од првиот ден. Обезбедувачите на премиерот се главни тепачи, попречуваат акции за дрога, издаваат државни тајни на нарко кланови. Се случија преку 25 обиди за убиства и убиства за една година, се пука на секој чекор а Тошковски во интервјуа безочно лаже дека се намалил криминалот“.

Вчера загина лице во Батинци во престрелка како на Див Запад. Како Тошковски може да тврди дека безбедноста е подобрена, кога имаме убиство на армиски службеник од лице со потерница? Како се случува лице со активна потерница да се движи слободно и извршува убиство? Но овој последен настан, кога веќе директно криминалците напаѓаат а полицијата немо гледа и ги штити, е веќе доказ дека државата е управувана од овие луѓе. Градоначалничката на Скопје со месеци открива криминал. Ова ја поткопуваше удобноста на мрежите што власта ги одржува во Чаир и во цело Скопје. На крајот ова заврши со физички напад дозволен од полицијата“ рече Кузеска.

Вели дека вчерашниот настан е порака до секој судија, секој обвинител, секој државен службеник или граѓанин да не се осмели да го чепне криминалот на власта. Ова е порака дека секој кој ќе им ги открие криминалите може да биде следниот. Ова е систем на страв и закани кој доаѓа директно од власта“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување