(ВИДЕО) Кузеска: Состојбата со пожарите е алармантна, Владата доцни со носење одлуки и организација на ресурсите

Од:

И покрај сите предупредувања од СДСМ дека се доцни и лошо се координира со кризата, владата на ВМРО-ДПМНЕ доцни со носење одлуки и организација на сите расположливи ресурси.

СДСМ како одговорна партија не сакаше да долева масло на огнот во кризата и ги остави институциите да ја вршат работата, но сега е јасно дека Владата нема капацитет да се носи со предизвиците и прави погрешни проценки за состојбите.

Мора да се обезбеди правилно и поефикасно користење на сите ресурси на државата во борба со пожарите.

Управувачкиот комитет бараме итно да направи план за распределба на достапните ресурси и превенција на кризните точки, рече на прес конфереција Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Во моментов не е јасно ниту дали се ангажирани републичките противпожарни сили преку дирекција за заштита и спасување. Доколку не се, потребно е целосно нивно ангажирање како и поголема мобилизација на армиските сили.

СДСМ смета дека недоволно и ненавремено се ангажираат армиските сили во поддршка на гасењето на пожарите. Бараме нивно поинтензивно вклучување и поддршка.

Министерот Панче Тошковски или конечно да се разбуди или итно да биде сменет. Не може да гори 5% од теротиријата, да има изгорени илјадници километри квадратни шума а министерот којшто е надлежен да управува со комитетот за кризи никаде да го нема.

Бараме целосно да се посвети на управување со кризата и Управувачки комитет да е во постојано заседавање или целосно да се повлече, да биде заменет.

Чувството на граѓаните е дека едноставно Владата се обидува упорно да ја минимизира кризата со тоа што тера политичките агенди како ништо да не се случува.

Ова е неодговорно и погрешно. Ова потрвдува дека овие функционери не се дораснати за позицијата и дека во секоја следна криза наместо борба гради во гради ние ќе гледаме обиди за преансочување на вниманието на граѓаните.

СДСМ ќе остане конструктивна во своите апели и поддршка на институциите со конкретни предлози.

Активистите и членовите на СДСМ ќе бидат на терен со граѓаните секогаш кога е потребна поддршка. Потребно е сите заедно да придонесеме што побрзо да се заврши пеколот од кој изгореа над 5% од територијата на земјата, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања