(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Од:

Скандалот во МВР со милионскиот тендер за организирање возачки испити мириса, смрди на корупција и мора да биде целосно расчистен. Новооснована фирма, зад која стои советник на ВМРО-ДПМНЕ доби милионски бизнис од МВР. Практично сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен беа доверени токму на оваа фирма блиска до власта, со монопол од пет години. На крајно сомнителен начин и со прашање дали воопшто ги исполнува условите? СДСМ реагираше за овој скандал, побара реакции од Државната комисија за спречување корупција, од Основното обвинителство и од сите надлежни институции, изјави Богданка Кузеска изјави портпаролка на СДСМ.

– Додека се чека реакција од некоја институција, скандалот се потврди и се прошири. Истото МВР на Тошковски, која процени дека „Супер возач“ ги исполнува условите за работа, деновиве го затвори центарот. Замислете, поради тоа што немал соодветна документација, стручен кадар, немал возила и не водел уредна евиденција.

Сега прашањето е дали МВР на Панче Тошковски доделила лиценца на фирма која од старт не ги исполнувала условите? Дали милионските тендер е доделен само поради тоа што зад оваа фирма стои советник на ВМРО-ДПМНЕ? Ова ли е шемата за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски на власта? Ова се јасни индиции дека постои основано сомнение за однапред наместен тендер, сомнежи за корупција кои мора темелно да се истражат. По скандалот со набавката на униформи втор пат се случува крупен, сомнителен тендер во МВР за краток период.

Ќе понесе ли Панче Тошковски одговорност? Наместо да се бори со криминал, министерството стана извор на корупција и сомнителни тендери. СДСМ бара Државната комисија за спречување корупција веднаш да отвори предмет за целиот тендер а Основното јавно обвинителство да покрене истрага и да утврди одговорност. Македонија не смее да биде плен за организиран партиски грабеж кој на големо се случува, кажа Кузеска.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба