(ВИДЕО) Кузеска: Расипничка власт потроши три милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб

Од:

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење на парите на народот и целосна одлепеност на власта за реалните потреби на граѓаните. Само во првите пет месеци од оваа година и само дел од институциите под капата на власта склучиле договори за мобилна телефонија и интернет во вредност од 2,9 милиони евра! Три милиони евра, пари на граѓаните. Ако се додадат на ова и сумите од сите министерства, МВР, агенции, и така натаму бројката е огромна, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

– Во време кога народот нема за леб, инфлацијата расте и го јаде животниот стандард, во време кога луѓето пресметуваат дали да купат лекови или храна. Кога болниците немаат основни средства, пациентите носат завои од дома, нема лекови. Кога родителите во Кочани сами ги лекуваат децата повредени во трагедијата!

Додека народот во Македонија страда, власта троши милиони евра за телефони. Малку им сè егзотични храни, папаја, манго, малку им се покачени плати на функционерите, сега 3 милиони евра за телефони, на грбот на народот. Колку им е доволно на министрите да се најадат, да се напијат, да зборуваат на телефон – на сметка на граѓаните?

Оваа власт не знае за граници. Па за тоа ли ги задолжија граѓаните со 7 милијарди евра? За ова ли да плаќа нашиот народ? Секој ден гледаме како ВМРО-ДПМНЕ ја користи власта не за да им служи на граѓаните, туку за да им се изживува! Народот крпи крај со крај, а функционерите на Мицкоски се луксузираат, па сега уште и со службени телефони. СДСМ бара власта веднаш да се откаже од оваа аздисаност и веднаш да ги намали драстично парите за луксуз на функционерите. Парите треба да се пренаменат за оние на кои им се најпотребни. Не може да нема пари за плати на народот, за болници, градинки, за загинатите и повредените од Кочани а функционерите да трошат 3 милиони евра за телефони, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците