(ВИДЕО) Кузеска: Пецаков треба да одговара за непочитување на здравствените протоколи и свесно ширење зараза

Од:

„Скандалозно и крајно неодговорно е однесувањето на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков. Наместо во изолација како што му било одредено, додека го очекувал резултатот од тестот за Ковид 19, градоначалникот на Охрид се појави помеѓу охриѓани за Водици и ги стави во опасност сите присутни“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Без маска и без никакво почитување на протоколите, Пецаков се ракуваше со граѓани, сопартијци и амбасадори.

Ова не е само непочитување на одредбите и законите. Ова скандалозно однесување на Пецаков е непочитување на граѓаните, на охриѓани, но и непочитување на лекарите и медицинските лица.

Неодговорноста е одлика на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Пецаков бил заедно и со Христијан Мицкоски, неговиот партиски шеф. Зошто Мицкоски молчи за ова скандалозно однесување на Пецакоцски? Ќе го повика ли на одговорност или ќе го штити?

Или Христијан Мицкоски нема образ за ова затоа што и тој среде пандемијата шеташе по кафеани? Пецаковски не треба да бара изговори со манипулации, за некакво скијање во Банско, туку да одговара“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ