(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Од:

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска истакна оценката на партијата е дека изборите беа фер и демократски.

– Имавме мирен достоинствен изборен ден и изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО. Граѓаните слободно ја искажаа својата волја и правото на глас. Нотирани се одредени неправилности но сметаме дека се незначителни.

Благодарност до сите граѓани кои излегоа на изборите и гласаа. Особена благодарност до граѓаните кои го дадоа својот глас за СДСМ и коалицијата „За Европска иднина“ и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Граѓаните ќе одлучат по кој колосек ќе се движи Македонија пшонатаму. Во очекување сме на изборните резултати и дополнителмо ќе излеземе со податоци – рече портпаролката.

Во однос на тивкиот бојкот на албанскиот електорат, Кузеска рече дека секоја партија треба да одговори пред себе и пред граѓаните.

– СДСМ повикуваше на масовна излезност, повикуваше граѓаните да го искорисат правото на гласа, СДСМ не бил никогаш кочничар на демократските процеси – додаде Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?