(ВИДЕО) Кузеска: Народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите

Од:

Додека граѓаните секој ден се борат со растечки цени, инфлација и намалена куповна моќ, за Владата на Мицкоски приоритет не е животниот стандард на народот, туку личниот ќар на функционерите. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во месец мај е покачена и изнесува 3,3%.
Месечната инфлација е покачена за 1,5%, највисока во текот на 2025 година. Тоа значи едно – животот станува сѐ поскап, а граѓаните живеат сѐ потешко. Eкономските политики на Мицкоски се тотален дебакл. И наместо да преземе мерки да го заштити стандардот на граѓаните, да ги покачи платите на работниците, да ја покачи минималната плата, власта ги покачува платите на функционерите, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

– Одлуката веќе е објавена во Службен весник на Република Македонија. Нема пари за плати на работниците ама има пари за поголеми плати на функцонерите од власта и тоа за 200 евра! Ова е срамно, дрско и безобразно. Мицкоски јавно ветуваше дека функционерските плати нема да се зголемат. Денес гледаме дека тое е уште едно едно од многуте негови лажни ветувања. И додека народот штеди на храна, лекови и сметки, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ си тераат луксуз – со службени возила, со чартер летови, папаја, манго, а сега и со повисоки плати.

Оваа влада нема ниту план, ниту елементарна емпатија. Има само интерес за себе и за своите функционери. СДСМ веќе предупредуваше :економијата оди надолу, инфлацијата не е под контрола и ќе продолжи да расте доколку не се спроведат мерки и закони кои ги предложивме. Затоа денес, јавно и одговорно, бараме итна интервенција од Владата: Конкретни мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните, Да нема покачување на платите на функционерите, Граѓаните заслужуваат фер држава која ги штити, а не држава на привилегирани функционери – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло