(ВИДЕО) Кузеска: МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира

Од:

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и поредок. МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира. Скандалот во Дебар Маало по којзнае кој пат го потврди нефункционирањето на МВР ама го покажа и каубојското аздисување на бодигардите на функционерите на власт, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Двајца полициски службеници, обезбедувачи на претседателката на државата лажно тврделе дека погрешни паркираното „порше“ на Срѓан Керим е службено. Тие барале „поршето“ на Керим да не биде кренато од пајакот, тие поттикнале неказнивост. Да не беше реакцијата на младите и овој случај ќе беше заташкан. Но по бурните реакции МВР беше принудена да поведе дисциплински постапки.

Но, факе е дека во последниве 9 месеци, како на лента се редат скандал по скандал со телохранители на највисоките државни функционери: Од обезбедувањето на премиерот Мицкоски, едниот оддавал државни тајни другиот нападна полицаец попречувајќи акција против дрога. Обезбедувањето на Гаши направи инцидент на скопскиот аеродром, извади пиштол, турна и нападна полицаец. Сега обезбедувањето на претседателката вмешана во скандалот во Дебар Маало.

Ова не се изолирани инциденти – ова е системски распад на безбедносниот апарат! Полицајци кои треба да не чуваат – работат за интересите на криминалци, моќници и тајкуни. На чело на сите нив е Панче Тошковски – како министер кој го дозволи овој распад во МВР. Сите овие инциденти отвораат сериозни прашања за целосна нефункционалност за безбедносниот апарат, за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури. Нема ред и поредок, нема одговорност. Вака не може! Одговорност мора да има и таа мора да започне со најодговорниот а тоа е министерот Панче Тошковски, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Кој ќе ја поддржи Резолуцијата, нека знае што следува

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ-мигранти за пари, проект за железница со пари од договорот со Британија

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски