(ВИДЕО) Кузеска: Колку рекетирани пари има земено Мицкоски за 150 дивоградби?

Од:

Урбаната мафија си најде нова закрила во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а кралевите на оваа мафија се дел од коалицијата на Мицкоски. Кога се дивоградбите во прашање не постои закон, полиција, обвинител кој може да ги фати и да го санкционира за криминалот. И по поднесена пријава за 150 дивоградби во општина Чаир ниту обвинителството ниту полицијата немаат намера да отворат било каква истрага, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– До овој момент иако на очиглед на јавноста беа доставени сите докази за дивоградбите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги сокрие и да ги амнестира од одговорност „подобните“ од ВЛЕН. Прашуваме, зошто? Каква корист има Мицкоски од ова? Затоа ли нема ни полиција, нема ништо? Затоа ли не се постапува? Колку пари се поделени за овие дивоградби?

Замислете, во Чаир постои зграда која е упишана во Катастарот во 2024 година со елаборат дека наводно била направена во 2011 година. Катастарот истовремено има и снимка од терен од вршено мерење на парцела, каде се гледа дека на тоа место во 2013 година има барака. Прашуваме, зема ли Мицкоски пари или други во врвот на власта за оваа дивоградба? Колку рекетирани пари има земено Мицкоски за 150 вакви дивоградби кои немаат основни услови за нормален и безбеден живот? Ако не одговори Мицкоски, одговорите ќе ги обелодениме ние – вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната