(ВИДЕО) Кузеска: Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Добро е што Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во министерството на Стефан Андоновски. Тоа го поздравуваме. Сега очекуваме овој скандал, оваа финансиска афера во која жената е Државен секретар а мажот добива тендери да биде целосно брзо расчистен и да следува одговорност. Фактите се кристално јасни: фирмата на сопругот на Клинчарова добила два тендери, а министерот Андоновски е потписник на договорите. Иако се обидуваше да ја оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори сепак ги призна тендерите, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

– Ова не е само судир на интереси – ова е очигледен случај, основано сомнение за корупција. СДСМ денеска изнесува дополнителни информации кои ќе ѝ помогнат на ДКСК, но и на сите надлежни институции, во целосно расчистување на овој случај. Денеска ќе објавиме дека сопругот на државната секретарка, Мартин Клинчаров, кој ги добивал тендерите во министерството на Андоновски е жесток поддржувач на Мицкоски и ДПМНЕ.

На неговиот профил на Фејсбук може да се види дека учествувал на партиски состаноци во Белата палата, за што објавувал и слики. Кличаров го има и по штабовите на ДПМНЕ, по Општинските комитети, со градоначалници, пратеници и други функционери од владејачката партија.

Во своите објави Клинчаров жестоко го брани Мицкоски од, како што самиот вели „бардовите“ на новинарството. Ова е потврда дека станува збор не само за семејсна туку и за партиска поврзаност, директен линк и со ДПМНЕ. Ете каде завршуваат парите на граѓаните. Одговорност мора да има за овој скандал. Првиот чекор на ДКСК е во вистинска насока, но сега е на ред завршница на предметот но и вклучување на Јавното обвинителство – правдата мора да биде задоволена! Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани. СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците