(ВИДЕО) Кузеска: Каде е милијардата на Мицкоски за борба против загадувањето?

Од:

Скопје неколку дена по ред е меѓу најзагадените градови во светот. И во други наши градови граѓаните дишат загаден воздух. Последиците се на директна штета на најважното, здравјето на луѓето. ВМРО-ДПМНЕ кога ја бараше довербата од граѓаните ветуваше активна борба со аерозагадувањето. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветуваше намалување на загадувањето до 50%. Каде е сега милијардата којашто ја најавуваше Мицкоски за борба против загадувањето? Каде се мерките за намалување на загадувањето за 50%? Ова е уште едно разочарување уште едно неисполнето ветување на Мицкоски. Граѓаните гледаат дека власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо за загадениот воздух.

Во мандатот на СДСМ се преземаа серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта. Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници. Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата.

Овие мерки придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот и требаше да се засилат и да се унапредат.Но дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Ниту има мерки, ниту има борба против загадувањето. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето. Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како проектот БТР иако е со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре. ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

СДСМ: Владата да ги поништи тендерите за анкети и оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дволичноста на СДС, сè уште не смогна сили да се огради од мали Фрчко и да побара истрага

Предраг Петровиќ

СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Дали Инспекторатот за животна средина свесно ја излажал јавноста за цијанидот во Крива Река?

А1он