(ВИДЕО) Кузеска: Гори цела Македонија, Владата нема контрола врз пожарите

Од:

Состојбата со пожарите низ државата е драматична и алармантна. За жал, неофицијално ја имаме и првата жртва. Владата и институциите се немоќни и неспособни да одговорат на предизвикот. На пет локации низ Скопје граѓаните сами, со свои раце и ресурси, се борат со огнот, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

@Криза има во Дојран, во Крива Паланка и во околината на Скопје. Граѓаните со лопатите и со голи раце ја спречуваат огнената стихија. На многу места во опасност се фабрики, куќи и имоти, а штетите кои се закануваат се огромни. Според сведоштвата од терен, институционалната поддршка или доцни или целосно изостанува, особено во Крива Паланка, во скопските села, како и во Дојран, каде помошта пристигна дури кога штетите беа веќе направени.

Крива Паланка се наоѓа во најтешка положба, огнот веќе зафатил делови од градските населби. Помош од ДЗС нема ниту една општина, иако била барана повеќепати. Во Крива Паланка државата е целосно отсутна, дотолку што на сцена се појавуваат бугарски пожарникари за да ја завршат работата на македонските институции.

Во Дојран, во селото Николиќ, пламените јазици се на само неколку метри од фабриката „Дојран Стил“, а во ризик се и резервоарите со метан. СДСМ уште пред два месеца предупреди дека нема никаква подготовка, ниту стратегија, дека се доцни со мобилизирање на луѓе и механизација и дека не постои соодветна комуникација со граѓаните. Не е на време ниту побарана помош, ниту е направена соодветна коориднација со НАТО партнерите Владата, како и секогаш, наместо да преземе одговорност, се крие зад болни и морбидни обвинувања кон опозицијата и СДСМ, дури и за подметнување на пожарите. Тоа го прават само луѓе кои немаат ни грам свест за тежината на својата функција и довербата што им ја дале граѓаните. Кога се очекува лидерство и одговорност, Владата нуди само манипулации, спинови и обвинувања. Мицкоски нема контрола врз државата. А сега веќе нема ни кого да обвини, кажа Кузеска.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он