(ВИДЕО) Кузеска: Членство во ЕУ значи подобар животен стандард и силна економија, тоа е патриотизам

Од:

Во рацете на македонските пратеници е одговорноста за европска иднината на државата која значи економски напредок, поголем животен стандард, поголеми плати и подобри услови за бизнис. Затоа и граѓаните го поддржуваат членството во ЕУ, над 80% од нашите граѓани сакаат да бидеме дел од Унијата затоа што пред сѐ значи економски развој, повеќе пари за народот и подобар живот. Изолацијата и неизвесноста, држењето на земјата надвор од ЕУ ќе има директна штета по економијата и стандардот на граѓаните, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач. Досега, ЕУ има инвестирано преку 3,3 милијарди евра од првиот ден на нашата независност. Забрзувањето на европскиот процеси денеска за нашата економија и за нашиот народ ќе значи 11 пати поголема финансиска помош од фондовите по глава на жител утре. Ние како држава досега имаме искористено околу една милијарда од ИПА фондовите, додека Хрватска како земја членка за 10 години има искористено дури 25 милијарди евра. Тоа е разликата.

Дополнително, економиите на земјите кои станале членки на ЕУ во првите 5 години имаат исклучително позитивни стапки на економски раст. Па така, по членството Словачка има раст на економската активност од 7,4%, Полска од 5,2% а Словенија околу 5%. Толку е голема економската моќ на Унијата. Растот на платите на работниците пак во првите пет години по зачленувањето во ЕУ е огромен кај сите земји кои станале членки. Во Романија, Чешка и Бугарија минималната плата пет години откако станале членки на ЕУ се зголемила за три пати. Просечната плата, исто како и минималната плата пораснала за три пати во сите овие земји.

Ова е директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за семејните буџети и подобар животен стандард која неминовно се случува. Сето ова ДПМНЕ сака да го блокира, со што работи на директна штета на стандардот на народот. Тоа ние нема да го дозволиме. Патриотизмот денес значи да се обезбедат услови за повеќе пари за граѓаните, за компаниите, за европски стандарди, економски силна и развиена држава. Економски патриотизам денеска значи одлуки кои ќе ја однесат земјата во ЕУ – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел