(ВИДЕО) Кутлешовски: Борче Георгиевски се меша во работата на директорите на училиштата за да ги мести јавните набавки

Од:

„Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, на најгруб начин се меша во работата на директорите на основните училишта во Гази Баба.

Имено, Борче Георгиевски по пат на допис и електронски маил до директорите на училиштата им наредува пред да објавуваат јавни набавки, кои се објавуваат по законски пат, да му ги праќаат на него за он да може да ги одобри или да влијае во менување на спецификациите и условите на јавните набавки.

Незамисливо, недопустлив и крајно дрско од страна на Градоначалникот“, рече Сашо Кутлешовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дописот кој го прати Георгиевски до сите директори, јасно пишува дека тој бара, сите оние јавни набавки и спецификации кои се поврзани со реконструкција и тековно одржување на училиштата, исхраната на учениците, издавање на училишните простори, да бидат претходно однесени во општина на одобрување или измена доколку не им се допаѓа, за во вториот е-маил кој го испраќате до директорите да пишува дека за секоја јавна набавка пред да се спроведе треба лично да се направи увид, за како што велите да не ви се жалат фирмите.

Најверојатно мислите на фирмите блиски до СДСМ кои сега треба да си ги наплатат донациите од пред изборите.

Прашуваме дали Борче Георгиески како Градоначалник на Гази Баба со оваа постапка сака да ги уредува техничките спецификации местејќи ги за негови блиски фирми?

Нека ги каже јавно фирмите, кои се фирмите што се жалеле кај него?

Со ова Георгиевски директно влијае во законската работа на директорите и врши груб обид за местење на јавните набавки во иднина.

Го повикуваме веднаш да прекине со ова и да се зафати со реални проекти за работа, бидејќи увидот во јавните набавки нема да му донесе гласови, туку само бенефит на нивните блиски фирми.

А, граѓаните тоа нема да го дозволат, некој на бандитски начин да ги испумпува нивните пари“, изјави Сашо Кутлешовски.

Би можело да ве интересира

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски