(ВИДЕО) Кусакатска: Владата шири лажни вести и го злоупотребува Финскиот модел за правдање на својата неуспешна концепција

Од:

„Слушнавме дека предложената концепција за реформа на основното образование од страна на министерката Мила Царовска била по урнек на финскиот модел на образование.

Во тој модел наводно посебните предмети се интегрирани во природни и општествени науки“, рече Весна Кусакатска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Меѓутоа, Македонско-Финското друштво обзнани дека веста не е точна и во финското образование предметот историја постои, се изучува и постојано се зајакнува.

Истото може да се види и на страницата на Европската унија за образованието во Финска. Лажната вест веројатно служи за зајакнување на влијанието и давање на тежина на неиздржаната и набрзина конструирана концепција, создадена само за потребите на власта.

Ако министерката имаше искрени намери да направи вистинска реформа во образованието прво ќе ги консултираше релевантните чинители од образовниот систем и ќе се потпреше на нив. Таа во тој случај немаше да ја поткрепува својата неуспешна концепција со злоупотреба на финскиот систем.

Срам и бламажа. Навистина премногу го потценуваат својот народ“, изјави Весна Кусакатска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче