(ВИДЕО) Куновска: Власта не дозволи Трибина во Домот на АРМ

Од:

„Смрт или слобода е идејата водилка на секоја генерација којашто се обидувала низ историјата да ја оствари слободата на Македонија.

Единствен пример кога слободата е извојувана е Народно-ослободителната борба и денес сме среќни што можеме да го прославиме 70-годишниот јубилеј од ослободувањето на Скопје“, рече претседателката на градската организација на СДСМ во Скопје, Софија Куновска.

„Фашизмот е победен пред 70 години, но наша задача, наша должност, наша обврска е денес повторно и повторно да го препознаваме и да го победуваме.

Битката за слобода, денес е битка за слобода на мислата, денес е битка за слобода на говорот, денес продолжува да биде битка за слобода на изборот.

kunovska-13noe (2)

Затоа, СДСМ продолжува во оваа битка и ќе се обидуваме и понатаму да вложуваме голема енергија за просперитетот, иднината и благосостојбата на Република Македонија.

kunovska-13noe (3)

Жал ми е што денес, морам да констатирам, дека иако СДСМ се обиде на достоинствен начин цела една недела да посвети на овој јубилеј, власта ја покажа својата малициозност, со тоа што не дозволи денеска во домот на Армијата да ја одржиме Трибината којашто беше планирана во 13 часот.

Се надевам дека заедно ќе имаме прилики на достоинствен начин, сите граѓани заедно со сите гарнитури, да го празнуваме овој празник“, вели Куновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО