(ВИДЕО) Куманово: Членови на СДСМ даруваа крв во чест на Илинден

Од:

По повод претстојниот национален празник Илинден, општинската организација на СДСМ од Куманово, денеска ја одржа традиционалната, 21-ва по ред крводарителска акција.

Голем број членови, активисти и симпатизери на СДСМ учествуваа во акцијата, на која до 13 часот имаше донирано околу 30 крвни единици.

Раководителката на службата за трансфузиологија, Љиљана Славковска истакна дека со оваа акција очекуваат да се зголеми бројот на хумани граѓани во Куманово.

-Бројката од година во година се зголемува и ние сме задоволни од хуманоста на нашите граѓани. Даруваат сите граѓани од различна националност, родова припадност и слично – наведе таа.

Поддршка на крводарителите им даде и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој воедно е и организатор на настанот.

-Пред големите датуми од македонската историја, нашите активисти, членови и симпатизери даруваат крв, два пати годишно. Очекуваме денеска да имаме задоволителна бројка. Во време кога на Балканот гледаме дека другите држави имаат апел за крводарители, бидејќи недостасува крв, во Куманово не е таков случај, бидејќи постојано имаме акции. Илинден е голем празник за нас и мислам дека е значајно што го одбележуваме и на ваков начин – истакна Дамјановски.

Градоначалникот на Куманово ја искористи можноста и на сите граѓани им го честита, како што рече најзначајниот ден во македонската историја.

kuman (7)

kuman (6)

kuman (4)

kuman (3)

kuman (2)

kuman (1)

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он