(ВИДЕО) Крмов: Власта шверца долг од шест милијарди евра во рок од пет минути

Од:

Левица алармира за скандалозна постапка на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ која во екпресна процедура се обидува да протурка ново задолжување од 6 милијарди евра, без јавна расправа и транспарентност.

Во денешното процедурно обраќање пред Собранието, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, остро реагираше на, како што ја нарече, „шверцерската“ постапка на владејачкото мнозинство.

„Вчера, точно во 17:56 добивме СМС, а само пет минути подоцна, седницата беше надополнета со нова точка на дневен ред – ратификација на договорот за стратешко партнерство помеѓу Република Македонија и Велика Британија,“ изјави Крмов.

Станува збор за договор со кој државата се обврзува на ново задолжување од 6 милијарди евра. Со тоа, како што потенцираше Крмов, вкупниот нов долг надминува вредност на еден цел државен буџет на Републиката.

„Вакво нешто не се брза! Ова е повеќегенерациски долг којшто оваа Влада секако нема ни да го врати! Значи ова треба општеството да одлучи, вакво нешто не е ветено на избори и ние ако сакаме да покажеме дека сме сериозна држава вакво нешто не смееме да брзаме!” – истакна координаторот на пратеничката група на Левица.

„Претседателот на Собранието не смее да биде слуга на власта, па сѐ што ќе предложи власта во две секунди да го става на дневен ред. Мора да има некои правила! Бидејќи е ситуацијата пресериозна, за да се соземете – барам еден час пауза.” – посочи Крмов, по што седницата беше одложена за еден час.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола