ВИДЕО: Кривична пријава за девет лица за криминал со сервисирањето на хеликоптерите на МО

Од:

Деветмината уапсени утрово во акцијата „Арсенал“ и осомничени за сервисирање на хелихоптерите на АРМ во Украина, криминал, со кој според МВР,го оштетиле државниот буџет за 800 илјади долари или 135 милиони денари, во текот на денот се извведени пред истражен судија. Меѓу уапсените се и поранешни функционери од одбраната и актуелни бизнисмени. Против нив е поднесена кривична пријава за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Според МВР, во периодот од 2004 – 2009 криминалот го направиле преку фирмите: „Дрвомак“ од Бугарија, „Хаел техносервисис“ од Ливерпул, „Деликатес“ од Кипар, „Студио Д“ од Кочани, „Деликатес ДОО“ од Кочани, „Специална опрема“ од Скопје и „Сувенир самаков АД“ од Македонски Брод која моментално е под стечај.

Неофицијално, меѓу уапсените се Нелко Менкиновски, Ванчо Георгиев со роднините и директорот на компанијата Сувенир Самоков. Нелко Менкиновски важеше за близок соработник на Владо Бучковски додека тој беше министер за одбрана. Неговото име е меѓу осудените во аферата „Тенковски делови“ во која беше осуден на 2 години затвор во првостепената постапка, а Апелација, казната му ја намали на условна. Потоа, меѓу уапсените е и Ванчо Георгиев, поранешен пратеник од редовите на СДСМ и сопственик на фирмата „Деликатес“. Покрај него, уапсени се и членови на неговото семјество.

Како што соопшти МВР, пријавените Б.Б., В.Ѓ. и В.Ѓ., сите во роднинска врска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери, формирале криминална група, преку која во посочениот период незаконски присвоиле парични средства од големи размери, користејќи склучени договори со повеќе фирми за услуги од Скопје, Кочани, од Бугарија, Велика Британија и Кипар.

Во оваа афера, парите на вмешаните во сомнителните трансакции ги „движел“ Б.Б. од Скопје, кој бил овластен потписник на нерезидентната сметка во „Комерцијална банка“ од Скопје. За да биде се успешно, формирале и фирма „Дрвомак“ со седиште во Благоевград, Бугарија и „KL TECNOSERVICES“ LTD од Ливерпул, Велика Британија.

Криминалната група преку неосновани исплати од „Дрвомак“ и „Техносервис“ на правните лица „Делта Текс Ко“, „Делтекс“, „Студио Д“, „Еко Нет Агенс“, Деликатес-Никозија Кипар, кои лица се во нивна сопственост и Специјална опрема Скопје, како и преку готовината што ја подигал пријавениот Б.Б., нелегално заработиле 1.121.400 долари, 72.282 евра и 21.800 британски фунти, кои ги внеле во легалниот платен промет на Македонија.

Како член на криминалната група, вели МВР; Н.М., во тоа време началник на Секторот за логистика во Одбрана не презел доволно активности за да ги заштити интересите на институцијата во која работел, односно му овозможил на „Дрвомак“ да учествува во постапките при склучувањето на договорите помеѓу МО со „Сувенир“ и „Специјална опрема“.

Пријавениот Б.Б., како овластен потписник на нерезидентната сметка на „Дрвомак“ во „Комерцијална банка“, од приливот на девизни средства во износ од 1.834.000 долари на украинската фирма и платил 995.000 долари за првиот и 1.100.700 долари за вториот сервис, а остатокот од парите ги подигнал на лично име.

– Н.М. учествувал во постапките при склучувањето на договорите помеѓу МО на со „Сувенир“ и „Специјална опрема“ Скопје, односно преку него одела целокупната коресподенција помеѓу МО и овие две правни лица. Иако во договорите стоело дека давателот на услугите го информира корисникот-МО на РМ, за текот на извршување на услугите, а имајќи го предвид фактот дека во тој период бил во секојдневна комуникација со Б.Б., којшто бил главниот налогодавач за уплатите и исплатите од сметката на „Дрвомак“ и имал увид во вредностите на сите договори со украинските изведувачи на ремонтите, не превзел доволно активности за да ги заштити интересите на МО односно за истото да исплати 1.742.300,00 американски долари повеќе, во корист на „Дрвомак“ Благоевргад, изјави помошник министерот во МВР.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Автомобил излета од патот Тетово – Попова Шапка, загина возачот, 80 годишен Австриец

Анита Петровска Рајковиќ