(ВИДЕО) Ковачки: Заев да си даде оставка и во партијата и во владата

Од:

„Народот три пати му испраќа порака. Заев три пати вика дека ја разбрал, а продолжува да лаже и да краде. Заев треба да си даде оставка и од партијата и од владата. Заев и СДСМ да ги напуштат институциите за Македонија да тргне напред“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„На Зоран Заев на 22.04.2019 година во тек на кампањата за претседателски избори му беше дадена метла што требаше да биде метафора за да направи промени во работењето. Тогаш Заев кажа: „Секако ќе има чистки и секако дека ќе расчистиме, граѓаните ни испратија порака дека има незадоволство од централната и локалната власт“.

Што се случи после така наречената метла?

1. Заев и Филипче наместо да набават вакцини тргнаа по светот по провизии.

2. Убедливо најкатастрофално се справија со КОВИД кризата.

3. Името на Вице беше избришано од кривична пријава за рекет во РЕК Битола.

4. Ден Дончев кој беше фатен со туце пари во ташна е на слобода.

5. Македонија не успеа да отпочне преговорите со ЕУ.

Една година подоцна на партискиот конгрес Заев повторно со истите лаги кон народот кажа – Следува реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ ќе внесеме нова енергија во нашите редови ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба, против висока корупција и криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓаните“.

Што се случи после втората изјава на Заев?

1. Драги Рашковски кој инфлагранти беше фатен во местење тендери, наместо во затвор да заврши во домашен притвор, а тој го бранеше и влијаеше на истрагата преку медиумите дека е невин.

2. Оливер Спасовски и тој дадоа над 200 пасоши на белосветски криминалци, кои со македонска патна исправа се шетале низ светот и вршеле кривични дела.

3. Завршивме на 111-то место на листата на „Транспаренси интернешнл“ за криминал и корупција.

4. Во Извештајот на Стејт департментот е посочено дека американски фирми сведочат за корупција во државата.

5. 60.000 останаа на улица, 5.600 фирми затворија.

6. 14 луѓе живи изгореа и никој не понесе одговорност. Крив им беше кабелот или полначот.

И по трета разбрана порака може да биде само полошо со Заев, Македонија со Заев го допре дното и тој мора да си замине. И тоа не го велат само граѓаните, тоа го велат истакнати членови на СДСМ кои се освестија и кои гледаат дека насоката во која што ја води Заев државата е погрешна.

Залудено Заев бара уште една шанса, тој ги прокоцка сите шанси, а ги прокоцка и нашите пари, дел од нашите животи, ги стави на коцка судбините на сите граѓани само за да ја зачува сопствената власт за да прави криминал“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен