(ВИДЕО) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

Од:

„Денес ќе објавиме јасни докази дека злосторничката група на Заев и Спасовски составена од над 40 полицајци правела црни списоци на автомобили кои морале да бидат отсранети од сообраќај, организирала физичко следење на неистомисленици, правеле списоци за гласање за СДСМ, и давале наредби за измислување на прекршоци“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо во име на законот, тие делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација во служба на СДСМ вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на Прилепската полиција, во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски.

“Црн список на возила за отсранување”, “измислете прекршок, тргнете го”,” барајте му лекарско”, “до вечер список од акцијата глас плус важи за сите”, се дел од пораките кои ќе ги објавиме како дел од злострничката група на Заев и Спасовски.

Да одиме со ред:

Оваа група, која според тоа што имаме на увид била под команда на Кире Китаноски од МВР, човек на советникот на Оливер Спасовски, Оливер Лукароски и истата целосно се ставила во партиска функција на СДСМ.

Еве доказ. На 17.10.2021 година командирот на ОВР – Дарко Цуцулоски, во вибер групата каде се одвивала координацијата на групата дава команда:
ПП 8(725) АД – бел опел
ПП 7(323) АЦ – 206 караван
ПП 3(420) – Фиат црвен
ПП 9(142)-АЕ – Пасат зелен
ПП 8(77) – Ровер црн
ПП 4(125) АД – Корса сива
ПП 1(29) ЦХ – Астра сива

Сите овие возила воза за нив. Гледајте да ги отстраните одма.

Ова е директна насока и наредба од командирот на ОВР Прилеп со цел шиканирање на активисти на ВМРО-ДПМНЕ.

Од комуникацијата во вибер групата гледаме, дека буквално полициските службеници на смена само следеле луѓе кои политички не се согласувале со власта.

Во една друга комуникација Андреј Лашкоски БПС Прилеп дава информација – Јапано вози низ Тризла сиво комбе со такси ознака на него, на што Крајоски Александар БПС Прилеп дава насока – Ако има такси табла запрете го и барајте му лекарско.

Во насоките како да се постапува со возилата предничи Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп кој дава наредба – Ако треба измислете прекршок и отстранувајте ги, ајде остана уште малце. До крајот не зна кај се најдува звона на сите страни.

Не само што службата била злоупотребена како параполиција на СДСМ, туку и тие биле претворени во агитатори на власта со собирање на гласови за СДСМ.

Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп во групата на вибер издава насока – Колеги во четврток и петок е терминот за доставување на списоците по договореното. Внесувањето ќе биде од 16 часот до 19 часот.

Во друга порака станува јасно, дека тие имале систем или список во кој ги внесувале гласачите, Цуцуловски појаснува – Да ве потсетам за вечер после 18.00 часот за внесување глас плус важи за сите нас.

Од ова се гледа дека станува збор за злосторничко здружение кое работело за потребите на СДСМ во целост, од следење, малтретирање, шиканирање и тепање. ЈО да постапи веднаш и да го истражи случајот. Очекуваме истрага која ќе резултира со конкретни обвиненија. Институциите не смее да се користат за партиски притисоци.

Доколку институциите кои се надлежни да го расчистат овој случај и да превенираат вакви злоупотреби не работат по закон и не ги спречат и санкционираат овие дејствија треба да знаат дека по ослободувањето на системот ќе има одговорност за сите кои учествувале во вакво организирање, шиканирање и малтретирање, како и тие кои оневозможувале истрага“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”