(ВИДЕО) Ковачки: Нема одговори и постапки за скандалот со трајната неспособност на дезертерот Ковачевски

Од:

„Поминаа цели 8 дена од објавата дека премиерот на државата дезертирал и одбил да учествува во одбрана на државата во 2001 година. Со тоа што пред регрутната комисија поднесол документ дека е трајно неспособен, премиерот Ковачевски ги избегнал од законските обврски кон државата на чие чело е во моментов“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нејасно е како на Ковачевски се’ уште не му е покрената постапка за утврдување на деловната способност од страна на Судот во вонпарнична постапка според членовите 34,35,36 и 37, како и поведување на постапка за издавање, односно одземање на безбедносниот сертификат за пристап до државни тајни којшто според член 38 од ЗКИ и член 4 точка 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации не може да се издаде на лица кои НЕМААТ деловна способност и имаат здравствени проблеми.

Ковачевски одбил да ја брани државата во 2001 година и најпрвин ја лажеше македонската јавност дека бил на школување, а цела јавност виде дека се правел трајно неспособен.

Македонија се наоѓа во тешка криза, а дека со Ковачевски ќе продолжи да тоне и дека истиот нема ниту способност ниту интерес да работи во интерес на граѓаните, доказ е дека тој лажел пред надлежните институции и избегал тогаш кога бил најпотребен.

Во нормална држава досега премиерот дезертер ќе беше повикан на одговорност и од своите сопартијци за да потврди дали лажел дека е трајно неспособен или пак навистина е трајно неспособен.

Тоа говори на какво дно е симната антимакедонската СДС“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски