(ВИДЕО) Ковачки: Ковачевски освен дезертер е и лажго – еднаш вели дека е трајно неспособен поради операција, друг пат поради учење школо

Од:

„На чело на државата имаме премиер, кој е трајно неспособен. И тоа го потврдува, како што кажаа и од Министерството за одбрана воената евиденција. Освен тоа што Ковачевски е дезертер тој е и лажго. Прашањето е кога ја лажеше јавноста, кога вели дека е трајно неспособен поради медицинска евиденција пред 20 години или кога вели дека дезертирал зошто учел факултет“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве ги фактите: Вчера и дезертерот Ковачевски призна дека бил трајно неспособен поради медицински операции. Тој кажа, цитирам : „Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Се злоупотребува последователна хируршка интервенција од пред 20 години“

Но, пред само 6 месеци на прашањето дали служел воен рок, тој кажа дека не служел затоа што бил на студии, а кога завршил со студирањето повеќе немало обврска за служење војска.

Прашањето е: Кога ја лажеше јавноста, тогаш кога кажуваше дека не служел војска затоа што студирал или сега кога вели дека бил трајно неспособен? Имено, дека премиерот дезертер Ковачевски е неспособен потврдија и од Министерството за одбрана, кои го потврдија документот објавен на социјалните мрежи, од кој јасно се чита дека премиерот е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

Едно е јасно, дека дезертерот Ковачевски треба веднаш да си даде оставка од премиерската позиција затоа што е трајно неспособен да ја извршува функцијата премиер.

Трајната неспособност не може да се отклони, последиците од истата може само да се влошуваат. Ова е втор претседател на СДС, кој е неспособен, првиот беше Заев. И едниот и другиот се штета за Македонија“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски