(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Ајде дезертеру, кажи дали си неспособен или лажомен, дали да избегнеш војска го злоупотреби чичко ти Александар Ковачевски

Од:

„Ајде дезертеру Ковачевски, охрабри се и кажи, дали си трајно неспособен или си лажел пред АРМ за да избегнеш служење на војска. Што е толку тешко?“, праша Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема трето. Или си трајно неспособен или си лажел. И едното и другото се подеднакво лоши, бидејќи таков човек не смее да ја води државата.

Тогаш кога дезертерот Ковачевски ќе одлучи да одговори, нека одговори и дали за впишување на неговата состојба како трајно неспособен помогнал и негов близок роднина Александар Ковачевски кој во тоа време бил началник во Министерството за одбрана и одговорен за Куманово?

Дали дезертерот Ковачевски ја злоупотребил моќта на својот близок роднина и избегал од служење војска и од регрутација во 2001 година?

Дали додека стотици мажи од Куманово одеа на регрутација и се одважија да ја бранат Македонија, дезертерот Ковачевски се сокрил зад функцијата на својот близок роднина и се пишал како трајно неспособен?

Единствен начин да дознаеме доколку дезертерот Ковачевски одбива да признае, е судот веднаш да почне постапка за одземање на деловната способност.

Народот мора да знае каков човек ја води Македонија, дали трајно неспособен или лажоман, но и во првиот и во вториот случај потребна е оставка“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски