(ВИДЕО) Ковачки: Цел месец молк од институциите за пратката од тон наркотици, дали пропуштена пратка била придружувана со царински возила?

Од:

„Целосен молк од страна на надлежните институции за скандалот којшто вчера го објавивме, за шверц на 1 тон наркотични супстанци преку скопскиот аеродром. Молчи Јавното обвинителство, молчи Оливер Спасовски и МВР, молчи и Царина преку која била пропуштена дрогата на аеродромот“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема одговори за скандалот како тоа пратка од 1 тон дрога ги поминала сите безбедносни и царински мерки и незабележливо била пропуштена да излезе од скопскиот аеродром.

Нема одговори дали на царинските службеници усно или писмено им било наредено да не ја проверуваат пратката на скопската компанија за мобилна галантерија, која пристигнала од Дубаи. Исто така јавноста не доби одговори дали царинските работници под присила ги смениле своите изјави за непостапувањето за оваа пратка, со која во Македонија се внесе 1 тон дрога.

Но овој скандал не завршува со самото пропуштање на дрогата да влезе на територија на Македонија.

Затоа денес ќе изнесеме, односно ќе ги прашаме надлежните институции за овој случај, уште неколку скандалозни постапки од стана на засегнатите институции.
Дали истиот ден откако пратката била пропуштена да излезе од скопскиот аеродром, пратката била товарена во превозни средства и истата била придружувана со царинска придружба со ротациони светла? Повторувам, придружувана од царински службеници со ротациони светла.

Дали пратката на влез во Скопје била запрена од страна полицијата и при контрола и претрес е констатирано дека пратката не соодејствува со содржината која била внесена на товарниот лист и царинската декларација, при што истата е запленета?

Дали полицијата при претресот запленила и два мобилни телефонски уреди на македонски царински службеници и дали врз истите се извршени понатамошните истражни дејствија, кои би можеле да укажат во учество во сторување на одредени кривично правни дејствија кои се поврзани со сомнителниот нелегален увоз на стоки и материјали?

Надлежните институции треба да одговорат за инволвираноста на раководните структури во МВР и Царината, како и на царинските работници, како и на полициските службеници, кои не спречиле голем шверц на дрога да влезе во Македонија преку скопскиот Аеродром.

Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи по овој случај. Не смееме да дозволиме и овој случај да биде уште еден од редицата нерасчистени криминални случаи, кој се поврзани со кланот на власт, СДСМ и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање