(ВИДЕО) Ковачки: 48 часа по големата поплава во Делчево, ниту еден владин функционер не го посетил градот

Од:

„И 48 часа после големата поплава која што го зафати Делчево, уште еднаш се покажува дека централната власт го заборави овој крај. Значи нема посета од ниту еден владин функционер на овој крај на Делчево, со што уште еднаш се докажува дека Социјалдемократскиот сојуз е кираџија во својата Влада, а Димитар Ковачевски е пионот кој што е поставен да ја менаџира истата“, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Искажувам благодарност до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ односно на нашите градоначалници кои што први излегоа да им помогнат на граѓаните со својата механизација од јавните претпријатија.

Исто така искажувам благодарност затоа што ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници организираше помош, финансиска помош за граѓаните од овој крај на државата.

И така планираме да работиме и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ не ги дели општините на наши и на ваши, на вмровски и сдсмовски“, соопшти Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче