(ВИДЕО) Ковачевски: Потврдено – Граѓаните плаќаат поскапа струја, производството се намалува!

Од:

„Пред зградата на ЕЛЕМ власта ќе ја соочиме со вистината којашто сакаше да ја сокрие од јавноста.

Она што го говори СДСМ, дека се намалува производството и дека граѓаните и фирмите плаќаат поскапа струја од увоз, го потврдува и државната компанија МЕПСО“, изјави на денешната прес-конференција Васко Ковачевски, пратеник, СДСМ.

„Еве, погледнете што покажуваат податоците во Диспечерскиот извештај на МЕПСО:

–      Во првите девет месеци од оваа година, произведени се 1.138 гигават часови (Gwh)помалку струја од планираното!

–      Планирано било производство на 4.657 гигават часови струја а произведени се само 3.519.

–      Наместо домашна произведена струја зголемен е увозот на електрична енергија за над 700гигават часови.

–      Според овој Извештај планиран бил увоз на само 1.569 а увезени се 2.285 гигават часови. За само 9 месеци од оваа година.

–      За овој период над 40% од вкупната струја е увезена а тоа го плаќаат граѓаните и фирмите.

IZVESTAJ MEPSO 1-9.2014

Ова не се податоци на СДСМ, ова се официјални државни податоци.

Зарем сега државната ЕЛЕМ ќе ја демантира државната МЕПСО?

Факт е дека Македонија се помалку произведува, а се повеќе увезува струја.

Ако се земе во предвид откажувањето на Блок 1 во РЕК Битола, застојот во ХЕЦ Маврово и РЕК Осломеј, до крајот на годината овие податоци ќе бидат уште полоши.

За катастрофалните енергетски политики кои ги чинат граѓаните поскапа струја, од зголемен увоз и укината евтина тарифа дел од одговорните лица се во оваа зграда.

Останатите одговорни лица се во зградата на Илинденска ББ“, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“