(ВИДЕО) Ковачевски: Оваа есен, зима и следната пролет се најтешки во повоената македонска држава

Од:

Да ги подготвиме сите ресурси на државата за максимално производство на сопствена енергија, ќе биде целта на Владата во претстојниот период, соопшти премиерот Димитар Ковачевски по завршување на седницата Советот за безбедност.

– Oва е одлуката од денешната седница на Советот што ја поддржале сите присутни, а целта е во најтешкиот период кој почнува на 1 октовмри и ќе трае до април 2023 година па и понатаму, до почетокот на летото, на сите граѓани, ученици, студенти, средни, мали и микро бизниси да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, како и снабдување со топлинска енергија по сегашната цена со задржување на евтината тарифа и 24-часовна достапност – изјави премиерот Ковачевски.

Тој напомена дека планот за производство на ЕСМ годинава ќе се зголеми за 25 отсто. Постојат, додаде, и ризици поради можни испади заради застареност на опремата во некои блокови стари по 45 – 50 години, но и во однос на цените во светски рамки, евентуални забрани за извоз на природен гас и други суровини за производство на електрична енергија, а овој план, подвлече Ковачевски, е за да нема рестрикции.

-Оваа есен, зима, следната пролет се најтешки во повоената македонска држава и ние тоа ќе го пребродиме заедно. Планот е договорен, денеска презентиран и во претстојниот период, но и веќе се работи на негова реализација. Се работи и на нов енергетски план за следната пролет, како и на план за максимално зголемување на производството на храна. За ова што е случува се подготвуваме и сме подготвени, истакна премиерот.

Претседателот на државата Стево Пендаровски нагласи дека го свикал Советот за безбедност зашто сметал дека е важно да се слушнат сите надлежни за темата што ги засега сите.

-Не е тајна дека не очекува тешка зима. По пандемијата сега сме соочени со голема енергетска и економска криза. Премиерот и членовите на Владата информираа за анализите и проекциите за претстојната сеозна, за чекорите кои досега се преземаа во однос на ескалирањето на цената на струјата, како и за мерките што ќе се поддржат за поддршка на домаќинствата и бизнис секторот, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Се надевавме на подобар резултат, јасно е дека луѓето не казнија, но нема да ги наведнеме главите

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски: Изборот е меѓу надеж и безнадежност, помеѓу европска иднина и изолација

Орце Костов

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,…,како ќе кажат – така

Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски!

Горан Наумовски