(ВИДЕО) Ковачевски на страната на синдикатот: „Да им се врати зградата на ССМ“

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите кажа дека е целосно на страната на ССМ и на работниците во Македонија.

„Јас сум член на Синдикатот уште од 1999 година и сум 100% на страната на ССМ и работниците. Да живее Синдикатот и работниците на Република Северна Македонија“, изјави Ковачевски.

Додаде дека Врховниот суд треба да биде прашан врз основа на што е донесена одлуката со која им се одзема зградата Работнички дом во Скопје.

-Никогаш не коментирам судски одлуки, но сум на страната на ССМ.“ вели Ковачевски, а по прашање дали тоа значи дека ги поддржува да им се врати зградата, Ковачевски кратко одговори –  Да им се врати зградата.

Според пресудата на Врховниот суд, објектот на ССМ се градел со пари од државата, а не со средства на синдикатот бидејќи, како што се наведува во пресудата, ССМ не извршува стопанска дејност, па нема ниту сопствени приходи за стекнување на имот.

Би можело да ве интересира

Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Катерина Ѓуровски

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје