(ВИДЕО) Ковачевски: Импровизиран пазар, директен атак врз дуќанџиите во Битола!

Од:

Во Битола повторно никна импровизиран пазар. Се продаваат облека, чевли, производи за широка потрошувачка, вели Васко Ковачевски.

Локацијата на овој импровизиран пазар е во Нова Битола. Но ова не е прв пат. Се почесто се поставуваат тезги на одреден временски период од по неколку месеци, смета тој.

Ги разбираме луѓето кои се на улица. Тоа се огромен број сиромашни граѓани кои трагаат по своето парче леб, додава претседателот на СДСМ Битола.

Но според наши информации, пазарот не е случаен, а луѓето кои продаваат се злоупотребени. По целодневното стоење на нозе, за малку пари, тие вадат чисти приходи што одат директно во џебовите на поединци. Организаторите се луѓе блиски до власта.

Тие освен што манипулираат со сиромаштијата, вршат директен атак врз дуќанџиите кои ги почитуваат законите, имаат вработени и фискални апарати, плаќаат даноци и придонеси и придонесуваат за полнењето на државните и општинските буџети.

Наспроти нив, организаторите на викенд пазарите ангажираат работна сила на црно, за луѓето не плаќаат придонеси, продаваат стока со сомнително потекло, немаат фискални апарати и не плаќаат ниту денар на државата и општината.

Денеска, јавно ја повикуваме власта да каже:

Кој е организаторот на овој импровизиран пазар во Нова Битола, дали тоа е правно или физичко лице?

Кој дал одобрение за локацијата, колку и на кого се платени средствата за наем на просторот?

Со чија дозвола од врвот на власта е дозволено работењето и заработувањето на црно?

А молкот на Градоначалникот Талески, кажува многу.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он