(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ не беше фер, но нема откажување од европската иднина

Од:

Јас не знам која друга коалиција има повеќе право да каже дека е за Европа од нашата. Ние преку конкретни чекори покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

-Јас знам дека тој пат не е лесен и дека Европската Унија не секогаш беше фер кон нас. Лично го имам искусено и знам како се чувствувате, фрустрацијата и ја гледам и ја чувствувам. Точно е, не постои земја што повеќе направила на нејзиниот европски пат. Точно е, можеше да е поинаку. Но, сетоа тоа е во минатото. Ние мора да гледаме напред. – истакна Ковачевски

Мора и покрај се, да не се откажеме од тој пат. Затоа што Европската Унија е нашата единствена алтернатива. На Македонија и е потребна Европската Унија. Потребен ѝ е европскиот стандард, европските вредности и начин на живот, овде и сега. – посочи претседателот Ковачевски.

Затоа, мотивирани и посветени да ги искористиме деновите кампања пред нас и пред граѓаните да ги презентираме нашите планови, идеи, конкретни проекти преку позитивна кампања која ќе ја потенцира нашата европска визија. Да покажеме дека Коалицијата за европска иднина е најдобриот избор кој ќе обезбеди европска и просперитетна иднина за Македонија! – рече Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски