(ВИДЕО) Ковачевски домаќин на Фон дер Лајен: Силна поддршка за забрзана интеграција и полноправно членство на С. Македонија во Европската Унија

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска е домаќин на делегација предводена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Премиерот Ковачевски ја пречека претседателката Фон дер Лајен на платото пред Владата, од каде се упатија на тет а тет средба, на која разговараа околу веќе отпочнатите преговори за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија како и тековниот скрининг и неопходната работа која Северна Македонија ја очекува во претстојниот период, информираат од Владата.

Како што известуваат од Владата, дополнително, се разговарало и за справувањето со енергетската криза, како и за поддршката која Европската Унија ја овозможува за заедничките мерки за справувањето со последиците од кризата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски

МВР го објави деталите од кривичната против Ковачевски, Груби и Бајрами

А1он

Не е отфрлена кривичната пријава против Ковачевски, Обвинителство ги проверува наводите

Катерина Ѓуровски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски