(ВИДЕО) Ковачевски: Блокадата на Собранието е неодговорно однесување на Мицкоски

Од:

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски најавената блокада на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието ја оцени како неодговорно однесување на Христијан Мицкоски, кое не носи добро никому а штета им прави на граѓаните.

„Ова е едно неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, а тоа е Никола Груевски кој очигледно дека се уште му дава наредби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да прави вакви чекори.“ рече претседателот Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ се случува во време на најголема економска и енергетска криза и ги повика пратениците од сите пратенички групи да покажат одговорност и да бидат на висина на својата задача.

„Собранието на државата треба да биде место каде што се унапредуваат законите, каде што се носат решенија за справување особено со кризата што ја имаме во државата, а која што е резултат на војната која што се води во Украина и блокирање на Собранието е најлошото нешто што може некој политичар да го направи во овој момент. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на својата задача, бидејќи блокирањето на Собранието не значи ништо друго, освен блокирање на она што треба да се направи за граѓаните на државата. Ако ги погледнете законите коишто се заглавени во Собранието токму на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а не се работи за еден, два, три, 10, 15, 20, туку се работи за многу повеќе закони, тогаш ќе знаете дека тоа е однесување кое што во континуитет го отсликува однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.,“ посочи Ковачевски.

Втора работа која што исто така е многу важна, рече претседателот Ковачевски е дека тој не подлегнува на уцени и закани.

„Ги гледам денешните натписи, не доликува на демократска партија да одбројува денови, денес било петти ден, па четврти ден и да се служи со уцени и закани. Јас потврдив во изминатите скоро четири месеци дека ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам, туку сум човек којшто води отворен дијалог со сите заинтересирани страни во општеството“ порача претседателот Ковачевски.

Ковачевски повтори дека со резигнација ги отфла деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, и додаде дека граѓаните не поддржуват предвремени избори. Сега е врее да се справиме со последиците од кризата и да го поддржиме стандардот на граѓаните.

-Ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам. Одржување на средби под уцени, под закани само со една точка на дневен ред, а тоа е предвремени избори, кои прво, политичките партии не ги поддржуваат, потоа граѓаните не ги поддржуваат. Поминаа времињата кога ВМРО-ДПМНЕ на секои две години правеше избори само заради свој личен политички профит, сега е време прво да се справиме со кризата затоа што гледате што се случува на светските берзи, гледате што се случува во Украина, рече тој.

Според Ковачевски, Владата е демократска и јасно позиционирана и ориентирана, за разлика од опозицијата во која има политички партии коишто се отворено на страната на Русија и политички партии коишто сметаат дека претседателот на Украина Зеленски е нивни непријател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

Мицкоски: Не прифаќаме избор на претседател во Собрание