(ВИДЕО) Котевски: Рересивно постапување и кривичен прогон најдобар лек против корупција

Од:

Портпаролот на МВР Иво Котевски денеска соопшти дека репресивното постапување и кривичниот прогон се најдобар лек против корупција.

Дека земјава постапува неселективно Котевски ги посочи акциите на полицијата каде за криминал се обвинуваат и екс премиер но и обични службеници на патарините.

„Од 2008 заклучно со 2013 година МВР откри, документираше и процесуираше 499 случаи на финансов криминал и коруптивни кривични дела односно во просек по шест случаи месечно. Претпоставената штета во овие случаи се проценува на над 311 милиони евра, информираше Котевски. Во овие случаи осомничени се 1.470 лица, почнувајќи од ниско рангирани службеници на патарините или во Царината, преку раководители и директори, па се до градоначалници, министри и други функционери, вклучувајќи и поранешен премиер“, изјави Котевски.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР