„Процесот со кој се ослободуваат убијци на децата од Смилковското Езеро преставува исполнување на Тиранската платформа од страна на Зоран Заев и власта.
Имаме монструозно поигрување со судбините на родителите на свирепо убиените деца. Но исто така има и транскрипт во кој еден од родителите на децата признава дека оние кој се дел од судскиот процес се и учесници во грозоморниот чин“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев и власта си поигруваат со трагичната судбина на семејствата на убиените деца кај Смилковското Езеро. Зоран Заев е човекот кој креираше надежи кај родителите, сега молчи. Зоран Заев треба да си поднесе оставка.
Нема поголемо лицемерие од тоа да им се покажуваат пораки од комуникацијата на Невзат Бејта со обвинетите за масакрот, на мајките и татковците на убиените момчиња, а истиот Невзат Бејта да биде поддржуван на избори од СДСМ. Вчерашните искази на родителите на убиените момчиња покажаа на целата јавност каков карактер е Зоран Заев. Кога тој може да манипулира со ваква трагедија и да лаже луѓе кои изгубиле се, не треба да имаме дилеми до каде е подготвен да оди со кое било друго прашање.
Повеќе од пет месеци откако предметот е вратен на повторно судење, и месец дена откако СЈО го презема, никако да почне повторното судење за тероризам.
Повторното судење за случајот „Монструм“ под режија на СЈО кое требаше да почне вчера, беше одложено за 15-ти мај, поради бегство на еден од обвинетите, Фејзи Азири. Тој повеќе од месец и пол е во бегство од штипскиот затвор, каде издржувал казна затвор од шест и пол години за нелегално поседување оружје. Иако Азири месец и пол е во бегство, ниту судот, ниту управата за санкции го барале, ниту пак знаеле каде е. По објавувањето на скандалот и по притисокот на јавноста, лицето е обезбедено, но не е вратено во затвор.
Да почитувани граѓани, ова го има само во Република Македонија под власт на СДСМ.
Истото СЈО кое бара притвор за случај во кој лице со нарушено здравје се гони за економски криминал за кој самите органи тврдат дека е обезбедена целосната документација, сега не го интересира каде е лице кое што е во бегство за друго дело, а се гони за тероризам.
Додека опасни криминалци и обвинети за убиство бегаат од затворите и никој не ги бара, политички се гонат политички неистомисленици на СДСМ.
Додека судењето за „Монструм“ се одлага по месец дена, луѓе кои се неосновано, политички обвинети се влечат по судови секојдневно и нивните рочишта се закажуваат експресно по три пати во неделата.
Ова не е правосудство ова е фарса. Цели семејства се малтретираат и нивните трагични судбини се злоупотребуваат. Единственото прашање во моментов е дали станува збор за целосна несериозност и неодговорност на судот и СЈО или пак за нивно свесно влегување во политичко сценарио и ветувањата на Заев за реализација на таканаречената платформа од Тирана.
Овие изживувања мора да запрат. Граѓаните очекуваат правда и правна држава. Тоа со СДСМ е невозможно. Оваа ненародна власт треба да си замине“, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.