(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

Од:

Најновиот скандал со тендерските шеми на ДПМНЕ и изградбата на пазарот во Неготино открива алармантни сомнежи за расипничко и криминално трошење на народните пари. Денеска објавуваме конкретни факти – со вредности, цени, договори и јасна математика. Ви ги претставуваме пресметките што покажуваат како ДПМНЕ прави бизнис на грбот на граѓаните на Неготино, изјави Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.

– Ова е Договорот за пазарот во Неготино, класифициран како „урбана опрема“, склучен со една од омилените фирми на ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, во вредност од околу 420.000 евра. На страна 8 од Договорот, во делот за кровопокривачки работи, стои невидена цифра: за набавка и изведба на 1 м² кровен сендвич панел е наплатено 10.000 денари!

10.000 денари за квадрат панел платиле неготинчани?! Да не е златен? Да не го набавија од Белизе? Во реалноста, на пазарот, во било кој склад во малопродажба цената на 1 м² сендвич панел (со дебелина од 5 см), со највисок квалитет, се движи околу 1.000 денари. (16 или 17 евра). Еве јавно достапни цени. Да ја додадеме и работна рака – уште 1.000 денари. Вкупна цена се доаѓа до 2.000 денари за метар квадратен. Што значи тоа? Разликата до 10.000 денари е 8.000 денари по м², или 130 евра повеќе – за СЕКОЈ квадрат.

За вкупно 440 м², тоа се 60.000 евра разлика – само за покривот! Во чии џебови завршиле? Ова не е тендер – ова е грабеж. Цените се тука, бројките се јасни, математиката е немилосрдна. Општините на ДПМНЕ вртат тендери со цени што се пет пати повисоки од реалните. СДСМ бара итна истрага! Го повикуваме Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапат. Граѓаните заслужуваат одговорност, а не криминални договори – рече Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски