(ВИДЕО) Костовски: СДСМ преку Општина Бутел врши предизборен поткуп од половина милион евра

Од:

„СДСМ и Зоран Заев на големо се подготвуваат да извршат предизборен поткуп на изборите.

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, одвојува половина милион евра за предизборен поткуп, директно од Буџетот на бутелчани.

Предвидени се 28 милиони денари за 22 вработувања во времетраење од 12 месеци. Аналогно на ова ако се пресмета просекот, просечната месечна плата за овие 22 луѓе треба да биде околу 100.000 денари“, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Па еве јавно да го прашаме Велимир Смилевски, каков кадар ќе вработува? Научници ли ќе вработува за просек 100.000 денари плата?

Според информациите кои стигнаа до нас, ова е стратегија на Зоран Заев за предизборен поткуп.

Јавно прашуваме, дали е вистина дека Зоран Заев лично ги повикувал градоначалниците од редовите на СДСМ и им дал насока и списоци да вработат околу 50.000 луѓе и дали оваа операција на предизборен поткуп ќе ги чини граѓаните над 20 милиони евра?

Ова е сериозна закана за изборниот процес.

Само во администрацијата овој период се вработени над 6.000 нововработени, сите по партиски списоци и со партиска нарачка директно од штабот на СДСМ.

Сега, предизборниот поткуп се префрла во локалната самоуправа каде што е СДСМ и во општините со кои владее.

Велимир Смилески наместо да троши половина милион на нови вработувања и предизборен поткуп, треба да почне да си ги реализира проектите и ветувањата. До сега нема реализирано ништо.

Апелираме до институциите, да го следат овој процес на предизборен поткуп со нови вработувања низ општините во предизборниот период и да реагираат.

Зоран Заев и СДСМ се виновни за целата стагнација и сите неуспеси кои што ни се случуваат“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава