(ВИДЕО) Костовски: Наместо програма, нови празни ветувања од ДПМНЕ

Од:

ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања. Главниот град Скопје и над 40 општини кои се под капата на ДПМНЕ се најголем пример за сите лажни ветувања на оваа партија. Ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

– Поминаа 2,5 години а ништо од тоа ДПМНЕ не направи. Градоначалниците од ДПМНЕ реализираа нула проекти. Но затоа создадоа хаос, запуштени, нечисти градови, со јавни претпријатија заглавени во долгови, општини без никаков развој. Така е и овој пат со новите лажни ветувања. ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема што да им понуди на граѓаните. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО-ДПМНЕ – рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Костовски: Од ДПМНЕ не гласаа за своите министри, а денеска ги бранат министрите на Таравари

Костовски: ДПМНЕ влезе во Влада со ДУИ, Мицкоски се што кажа излажа

(ВИДЕО) Костовски: Митрески имаше клучната улога во враќањето на дијалогот во Собранието и ужива доверба

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Бевме сведоци на државничко обраќање на претседателот Пендаровски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костовски: Нов скандал, Мицкоски во друштво со дилер од Струга, ДПМНЕ стана гнездо на подземје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костовски: Христијан Мицкоски е антиевропски политичар