(ВИДЕО) Костовски: Манчевски да одговори за 6000 вработувања во администрацијата за кои не постои место согласно годишните планови

Од:

„Драматично е што владата, институциите и пред се министерството за информатичко општество и администрација молчат за вработување на 6000 илјади партиски војници на товар на државата.

Постојат огласи за 6000 илјади вработувања во државна администрација за кои не постои место согласно годишните планови за вработување, а кои ќе бидат на товар на буџетот“, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оваа е атакува на мерит системот, се дерогира целиот систем и се кршат препораките на Европската Унија за вработување по заслуги и кариера.

Владата вработува 6000 партиски војници, тоа е најголемиот бран на вработувања во јавната администрација кој некогаш е направен. 6000 нови вработувања ќе бидат на терет на Буџетот, пари кои наместо за капитални проекти ќе се трошат за плаќање на партиски војници.

СДСМ ја преполнува администрацијата спротивно на сите препораки на ЕУ и надвор од реалните потреби. Јавната администрација се полни во спротивност со Законот за вработување во јавниот сектор, лицата се ангажираат со времени договори, неконтролирано и неосновано и сите тоа преку агенциите за привремено вработување со цел избегнување на тестовите кои истите се должни да ги положат доколку вработувањето оди по редовен пат.

И додека се случува целото ова беззаконие Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Државниот завод за ревизија молчат.

Целиот државен апарат е ставен во функција на незаконието на Заев и криминалната клика околу него.

Овие вработувања, не се планирани со годишните планови за вработување и имаат за цел на шверцерски начин да ја преполнат администрацијата.

Власта која е фатена во незаконие сеуште не одговори на прашањата кои и ги поставивме, затоа уште една ќе прашаме:

– Колку лица се ангажирани преку Агенција за привремени вработувања и по кој основ од Законот за вработените во јавниот сектор?

– Зошто МИОА дозволува ангажирање на работниците во институциите надвор од регистарот?

– Колку инспекциски надзори извршил Државниот инспекторат за основите по кои се отстапени работниците од Агенциите за привремени вработувања?

– Колку инспекциски надзори извршил Државниот управен инспекторат за отстапените работниците од Агенциите за привремени вработувања, дали се во согласност со правилниците за систематизација и дали отстапените работници ги исполнуваат условите за работното место за кое што се ангажирани?

Власта мора да одговори на овие прашања, граѓаните мора да знаат каде завршуваат парите од даноците и другите давачки кои ги плаќаат“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166