(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Од:

Денес се потврди се, СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Вчера уапсените полициски службеници се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“ и за сите безбедносни пропусти, изјави Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.

– Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, не смееме да заборавиме: четири месеци директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, министерот Панче Тошковски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ја прикријат одговорноста. Наместо итно да постапат, тие бранеа и криеја свои функционери, лажеа јавноста и вршеа притисоци врз Обвинителството за да не се постапува против нивните кадри кои се докажано директно одговорни за пожарот во кој изгореа 62 деца. Во овој период многу веројатно биле уништувани докази, беше компромитирана истрагата, а родителите беа повторно понижени со лаги и игнорирање.

Александар Јанев, како прв човек на БЈБ, има директна одговорност за своите подредени. Тој ги поставил, тој давал наредби – и затоа мора да понесе кривична одговорност. Истото важи и за Панче Тошковски, кој целиот период ја штитеше структурата во полицијата и тврдеше дека нема вина. Христијан Мицкоски, пак, со недели ја користеше трагедијата за политички напади, обвинувајќи ги сите освен оние што ги поставил на функција. Ги лажеше родителите, ја манипулираше јавноста и се обидуваше да ја задуши вистината.

Мицкоски, кој е некрофил сега? Дали си ти или СДСМ? Денес го отвораме прашањето: колку докази се уништени додека власта ја блокираше правдата? Колку одговорни лица ќе успеат да избегнат казна поради четиримесечното прикривање? СДСМ бара целосна одговорност од сите инволвирани – институционална, кривична и политичка.
Јавноста мора да знае кој ја кочеше истрагата, кој ги штитеше виновните, и кој со молк и лаги учествуваше во прикривањето на една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија. Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски – нема целосна правда. А правда за Кочани мора да има. За крај, СДСМ уште еднаш ја поздравува акцијата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во која конечно се лишени од слобода полициски службеници кои биле на должност за време на трагедијата во Кочани – кажа Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Гневни сме затоа што сите виновни не се во постапката, нема обвиненија за полицајците, порачаа родителите на жртвите од „Пулс“

Катерина Ѓуровски