(ВИДЕО) Костовски: Бевме сведоци на државничко обраќање на претседателот Пендаровски

Од:

Бевме сведоци на едно државничко обраќање на претседателот, како претседател на сите граѓани. Ги опфати предизвиците во изминатите години со фокус на клучните државни и национални цели-членството во НАТО и ЕУ. СДСМ го поздравува фактот што претседателот Пендаровски цврсто стои на ставот дека државата мора да опстои на европскиот пат и на прозападната ориентација затоа што тоа е нашата единствена алтернатива, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски на прес-конференција по годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието.

Костовски додаде дека членството во ЕУ значи подобар стандард за сите граѓани, повисоки плати и пензии, сигурна европска иднина за сите млади генерации, а како што рече, лагите и манипулациите за бугаризација и асимилација заедно со лагите дека ќе биде загубен македонскиот јазик и идентитет дефинитивно се поразени. Посочи дека македонскиот јазик е потврден во ЕУ со ДФоговорот со ФРОНТЕКС, кој е прв договор кој тоа го потврдува, а Унијата веќе започна процес на ангажирање преведувачи за македонски јазик.

-Ние како пратеници на СДСМ, сме горди за сите тие одлуки кои овозможија македонскиот јазик да буиде дел од ЕУ. Срамот останува кај пратениците од ДПМНЕ, кои си вувузели и тропање по маси го попречуваа целиот процес. Иако имавме успешен скрининг процес не започна отворањето на поглавјата со ЕУ. Виновникот има име и презиме -тоа е ДПМНЕ. ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси кои не и мислат добро на земјава. Со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија. Тоа го слушнавме вчера и од Мицкоски-нема ЕУ ниту за 100 години, рече Костовски.

Тој потенцираше дека на претстојните избори ќе се судрат два политички блока, два концепти-проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица. Како што рече, тие се закана за европскиот пат и иднината на државата и затоа ќе бидат поразени.

-Пропуштивме историска шанса од 2008 година за членство во НАТО и изгубивме драгоцени 12 години. Не смееме и нема да дозволиме сега од истата деструктивна партија ДПМНЕ да загубиме нови 12 години за членство во ЕУ, подвлече на крајот Костовски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Пендаровски: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Катерина Ѓуровски

Претседателската дебата на МТВ ги скара кандидатите на социјалните мрежи

А1он

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

Пендаровски со честитка по повод 1 мај: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава

А1он