(ВИДЕО) Костова: Владата води погрешни економски политики, цехот го плаќаат граѓаните

Од:

Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е сериозно загрозен, власта предлага целосно неефикасни мерки, води погрешни економски политики, а на крајот цехот го плаќаат граѓаните. ДПМНЕ не прифати ниту еден еден предлог на СДСМ за подобрување на животниот стандард на гаѓаните. Не се прифати ниту предлог Законот на СДСМ за покачување на минималната плата, ниту амандманот за повисоки плати со Буџетот за 2025 година, ниту предлог Законот за укинување на ДДВ за храна, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

Но затоа, наместо реални мерки за подобар живот за граѓаните, Мицкоски им овозможи на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Од помпезно најавуваната есенска кошничка добивме само раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%. На едно четиричлено семејство му се потребни 62.021 денари за да може да го помине месецот. Не само што растат цените на прехранбените производи, туку и за една третина во однос на лани се зголемени сметките за струја.

Дали во математиката на Мицкоски постои формула како со минимална плата од 22.567 денари, дури и двајца членови од семејството да ја земаат, можат да преживеат во месецот? Мицкоски најави и новогодишна кошничка со наводно пониски цени на прехранбените производи, но по истиот модел, откако ја најави, тој им остави време на трговците да ги зголемат цените. Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците. Не смееме да дозволиме работниците да бидат оставени на маргините на општеството. Повеќе од кога било е потребно зголемување на минималната плата. Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку и морална одговорност на секоја влада.

Со ова темпо на раст на трошоците за живот, веќе е созреана потребата од 500 евра минимална плата, за да можат граѓаните да имаат пристоен живот и да ги покријат основните месечни потреби за храна и услуги. Ако Владата и Мицкоски навистина се грижат за граѓаните како што кажуваат, тогаш во 2025 година ќе ја зголемат минималната плата на 500 евра, за да се заштити стандардот на работниците и нивните семејства. СДСМ, како одговорна партија нема да отстапи од грижата и посветеноста за обезбедување на посигурен и квалитетен живот на граѓаните и на стопанството. Повторно повикуваме, да се прифатат нашите предлози за повисока минимална плата и за укинување на ДДВ за храна. Ова се решенија кои се во интерес на сите граѓани. Сите ние носиме одговорност да им помогнеме на граѓаните да имаат пристоен живот. Доста е веќе од лаги и лажна грижа, граѓаните заслужуваат и очекуваат Влада која се грижи и работи за нив – рече Костова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски