(ВИДЕО) Костадинов: Заради амнестија на криминалот, Мицкоски се обидува да ја турне Македонија во неизвесност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бесрамно тргуваат со националните интереси на Македонија, на сметка на амнестија за криминалите на фамилијата, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

Тој изјави дека Мицкоски вчера избегал од решение и иако ВМРО-ДПМНЕ со години се залагале за референдум, претседателот на партијата вчера го условил договорот со Грција и идниот референдум, со амнестија.

– Христијан Мицкоски одби да се откаже од својата намера преку бојкот да се обидува да ги уништува ЕУ и НАТО перспективите на граѓаните. Заради амнестија на криминалот, Мицкоски се обидува да ја турне Македонија во изолација и неизвесност, во темното минато на криминал и неказнивост. Колку и да се трудат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Македонците со своите сограѓани од сите етнички заедници кои живеат во Македонија одат напред, таму кадешто припаѓаме, во ЕУ и НАТО, рамо до рамо со големите сили. Како одговорна партија, заедно со сите политички субјекти кои се на страната на НАТО и ЕУ ќе овозможиме волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана. Ќе победи волјата на граѓаните. Ќе има ДИК, ќе има и референдум, аменстија на криминалот нема да има, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он