(ВИДЕО) Костадинов: За хидроцентралите на Мицкоски предмет отвори ДКСК, фирми должат данок, што сака да сокрие?

Од:

„Три дена Христијан Мицкоски не одговора на што се должи неговата најава за повлекување од бизнисот со хидроцентралите?

Јавноста, граѓаните многу добро знаат дека Државната комисија за спречување на корупција веќе има отворено предмет за неговите бизниси со хидроцентрали“, рече Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Особено имајќи предвид дека Мицкоски беше советник на Никола Груевски за енергетика.

Во 2015 година, конзорциумот во кој удел има Мицкоски, од владата на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски добива 33 илјади метри квадратни за иградба на хидроцентрала.

Во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена во сопственичката структура, со пренос на уделите, со што „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот имал удел од 99 отсто.

Втората фирма од овој конзорциум, како посебен правен субјект (Минка ДА) пак се уште се води како должник на државата, со неплатен данок по основ на ДДВ во висина од околу 200 илјади евра.

Што е тоа што Мицкоски го плаши за да одговори на јавно поставените прашања?

Јавноста и граѓаните очекуваат одговор“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение