(ВИДЕО) Костадинов: Волјата изразена на референдумот мора да биде и ќе биде обврзувачка за сите

Од:

Вие, граѓаните ќе имате директна можност да одлучувате за сопствената иднина. На 30 септември Македонија на референдум ќе одлучи за постигнатиот договор со Грција, ќе одлучи за членството во ЕУ и НАТО, рече Костадин Костадинов од СДСМ на прес-конференција.

„Граѓаните се носители на суверенитетот, граѓаните одлучуваат на избори и на референдум. Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него мора да биде и ќе биде обврзувачка за сите. Гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина. Денешниот ден уште еднаш покажа дека сите ние заедно сме обединети за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, а само Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се против. Сите ние сме обединети за Македонија која оди напред, а само Мицкоски е за враќање назад. Сите ние сме ЗА македонската иднина, а Мицкоски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се против“ рече Костадинов.

Според него, колку и да се обидува ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи македонската иднина.

„Граѓаните слободно, без притисоци и достоинствено ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција. Граѓаните на референдум ќе кажат ДА за македонската иднина“ рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он