(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи медиумските реформи

Од:

„Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидуваат да ги блокираат реформите во медиумите. Димовски кој е претседател на Комисијата за избори и именувања, упорно одбива да закаже седница на која ќе започне јавна и транспаретна постапка за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ.“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно веќе неколку месеци го кочи изборот на членови на Советот на АВМУ и програмскиот совет на МРТ и свесно ги кочи медиумските реформи.

Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во АВМУ и МРТ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше нашата држава.

За потсетување, состојбата во МРТВ е единствена критика од Извештајот на Европската комисија, а потребата од реформи во јавниот сервис е нотирана и во извештајот на Репортери без граници.

Од друга страна, директорот на АВМУ кој патем е и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ јавно ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Министерството за внатрешни работи.

Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата.

Од таа причина, Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ мора да го почитуваат законот и постапката за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и седницата да започне веднаш, да ја свика и да започне расправата.

Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Реформите мора да продолжат во интерес и на државата и на граѓаните.“, заклучи Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа