(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ навива да не добиеме датум за преговори

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ гласно навиваат да не добиеме датум за преговори и нашата земја да не ги започне проговорите со ЕУ.

Сите соработници на Мицкоски со јавни изјави дејствуваат против државните и интересите на граѓаните.

Тања Каракамишева, советничката на Мицкоски, јавно побара од државите членки на ЕУ да не дозволат да ги започнеме пристапните преговори“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Токму Каракамишева Мицкоски ја носеше на лидерските средби како негова десна рака.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски исто така јавно се залага за недобивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Николовски нема никакво право да зборува за стандарди на ЕУ.

Александар Николовски е човекот кој вечерта на 27 април беше покрај Груевски, во Виена.

Човекот кој ја туркаше државата во безизлез, а народот во судир може за успесите на Владата на СДСМ во исполнување на ЕУ стандардите да прочита во најпозитивниот извештај на ЕУ објавен досега.

Еден од соработниците на Мицкоски е и Антони Милошоски за кого стандардите на ЕУ се мисловна именка. Одлуката на Судот за човекови права во Стразбург за незаконската лустрација е директно поврзана со дејствувањето на Антонио Милошоски.

Во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт а овие соработници на Мицкоски беа дел од режимот, Северна Македонија беше држава заробена од неговиот партиски лидер Никола Груевски.

Северна Македонија е просперитетна, демократска држава која се бори за својот напредок на европска сцена по 10 години уназадување од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со напредокот на државата, не можат да се помират со тоа што го добивме најпозитивниот извештај од Европската комисија и безусловна препорака за почеток на преговорите.

Денес сме блескав пример ослободен од стегите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се изолирани во деструктивното и антидржавно делување. Не успеаја да ја вратат државата во темното минато на криминал, изолација и неизвеснот.

Нема да успеат ниту овој пат. Северна Македонија ќе биде членка на ЕУ, веќе де факто е членка на НАТО“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 2026 ќе биде економски тешка година за граѓаните, следуваат избори па мигранти

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема