(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да престане да го кочи одржувањето на пописот

Од:

11 години ВМРО-ДПМНЕ го кочеше напредокот, ги кочеше реформите, а сега исто како и порано повторно е во обид да го направи истото. Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го започна го прекина заради политички калкулации. Меѓу другото, потроши над 3 милиони евра пари на граѓаните, рече Костадин Костадинов од СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Поради ВМРО-ДПМНЕ, Република Северна Македонија е единствената држава во Европа која нема организирано попис повеќе од 16 години. Денес, со барањето за одлагање на пописот, ВМРО-ДПМНЕ сака нашата држава да остане единствена држава во Европа која не спровела значајна статистичка операција како што е пописот.“, додаде Костадинов.

„Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки.

За разлика од пропаднатиот попис во 2011, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарентна, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат.

Пописот не е политичка, туку значајна техничка операција, важна за граѓаните и државата.

Пописот е значен за добивање на детални податоци кои се особено важни за натамошното креирање на политики и мерки на локално, регионално и централно ниво.

Тоа е важно за напредокот и реформите, важно за граѓаните и за државата. ВМРО-ДПМНЕ мора да престане да ги кочи процесите битни за државата и граѓаните. Мора да престане да го кочи одржувањето на пописот. Република Северна Македонија не смее повеќе да дозволи да биде единствената земја во Европа без спроведен попис.“, наведе Костадинов во обраќањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски