(ВИДЕО) Костадинов: Спрегата помеѓу Груевски и Јанакиески со антизападниот Мицкоски е потврдена

Од:

„Спрегата на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со криминалите на Никола Груевски излезе на виделина.

Јасно е зошто антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антинародниот пион Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски бегаат од јавноста за шемите со компанијата во која има удел Мицкоски, како добивала тендери од Владата на Груевски, додека бил негов советник.

Но од вистината бегање нема“, рече Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Овој документ покажува дека покрај антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски, удел во компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје, има и Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е истиот Димитар Димовски, некогашна десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, против кого денеска се водат бројни судски процеси.

Дали молкот на антизападниот Мицкоски се обид да ги сокрие врските со Миле Јанакиески?

Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ има земјиште од над 14 илјади квадратни метри во општина Берово.

Прв сосед на Димовски е токму Миле Јанакиески кој има парцела од над 16 илјади метри квадратни.

Двете парцели, од вкупно 30 илјади квадратни метри порано биле сопственост на Република Македонија.

Спрегата помеѓу Груевски и неговиот соработник Јанакиески со актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антинародниот Христијан Мицкоски е потврдена.

Заглавени во сопствената изолација, ова антизападно раководство ја има истата криминална матрица на Груевски. Во ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени.

Ова е уште една силна причина останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат на процесите кои обезбедуваат членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот