(ВИДЕО) Костадинов: Сите случаи на СЈО да се процесираат, одговорност за сите

Од:

„Институциите градат механизми што ги зајакнуваат капацитетите на правната држава. Правдата, законите важат за сите подеднкаво и тоа е очигледно и јасно воочливо.

Катица Јанева е прв обвинител досега во земјава кој е во притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба.

Тоа е нешто што беше незамисливо во времето на владеењето на ВМРО-ДПМЕ, кога голем дел од судиите и обвинителите кои беа во директна спрега со режимот на Никола Груевски“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Сваровски“ судството и режимот на ВМРО-ДПМНЕ креираа систем на селективна правда и уривајќи ги сите принципи на правната држава, со што придонесоа за исфрлање на нашата држава од европскиот колосек.

Денес, тоа е минато, наместо неправда, има правда за сите.

Случајот „Рекет“ и заминувањето на Катица Јанева од челната позиција во СЈО не ги амнестира од кривична одговорност поранешните носители на високи државни функции за сите криминали и злоупотреби што произлегоа од снимките од масовното прислушување.

Сите тие случаи мора да продолжат да се процесуираат и да добијат судска разврска за да има правда.

Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво.

Секој за кого низ отворена судска постапка ќе се докаже дека постпаувал незаконски одговара согласно законите во Република Северна Македонија.

Амнестија нема и нема да има за никого, без разлика на неговата верска, етничка или политичка припадност“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски